Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјавил дека е приведен во работен логор. Тој е 24 часа под надзор на место каде издржува затворска казна од две и пол години.
Познатиот критичар на Крема, во пораката испратена преку социјалните мрежи, вели дека се наоѓа во концентрационен логор оддалечен 100 километри од Москва. Тој потврдил дека се наоѓа во Казнената колонија бр. 2 во предградието на Покров, во околината на Владимир, на само два часа возење од Москва.
„Морам да признаам дека рускиот затворски систем успеа да ме изненади. Не мислев дека може да се постави концентрационен логор на 100 км од Москва”, напишал Навални.
Неговите адвокати со денови се обидувале да го откријат местото каде е затворен нивниот килент. Навални крајот на февруари беше преместен, по осудувачката пресуда на второстепениот суд.
Навални со пораката објави и своја стара фотографија, на која е со избричена глава.
„Три нешта и понатаму ме изненадуваат: ѕвезденото небо над нас, категоричкиот императив (моралниот закон во нас) и неверојатното чувство кога со рака ќе поминам преку свежo избричената глава“, напиша тој.
Додаде дека камерите го снимаат секое негово движење, но дека досега не го малтретирале физички.
„Сите сме под надзор, и за најмалиот прекршок се составува извештај“, напишал Навални.
Овој затвор е еден од 684 работни логори во Русија во кои има 393.000 затвореници. Поранешните затвореници го опишуваат како особено строг, опкружен со лимена ограда на која има бодликава жица.За потсетување Навални беше уапсен во јануари, брзо неговото враќање во Русија.
Претходно беше во Германија, каде се лекуваше од труењето со нервен агенс. Тоа поттикна меѓународни критики и протести кои руските власти ги задушија. Против него се поднесени неколку обвиненија кои самиот Навални ги смета за политички мотивирани.