Пејачот Елтон Џон го критикува Ватикан откако пред неколку дена јавно кажаа дека нема да ги благословат истополовите бракови оти се грев. Тој на „Инстаграм“ објави две слики, едната од официјалното соопштение на католичката црква и втората каде што новинарски натпис вели дека Ватикан заработил неколку милиони долари од „Рокетмен“, оти го финансирал снимањето на биографскиот филм за животот на пејачот и неговиот брак со Дејвид Фунишер.
„Како може Ватикан да одбие да ги благослови хомосексуалните бракови оти се грев, а во исто време да профитира од милионите инвестирани во филмот ‘Рокетмен’ што ја слави мојата среќа во бракот со Давид? Лицемерие“, напиша Џон.
Филмот „Рокетмен“ беше премиерно прикажан во мај 2019 година, а првите информации за учеството на Ватикан во финансирањето на овој проект излегоа во декември истата година. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ наведува дека Ватикан потрошил нешто повеќе од милион евра во производството на филмот, иако Ватикан не се огласи официјално.
Елтон Џон и неговиот сопруг Дејвид се венчаа 2014 година и имаат две деца, Закарија и Елајџа. Родени се од истата сурогат мајка, Закарија во декември 2010 година, а Елајџа во јануари 2013 година.
View this post on Instagram