Се верува дека ДМТ би можела да биде алтернатива за значаен број луѓе што не реагираат на конвенционалните лекови против депресија. Истражувачите сметаат дека терапија потпомогната од психоделици може да доведе до долготрајно олеснување на симптомите.

Сѐ поголем број докази укажуваат на тоа дека психоделичните дроги, во комбинација со терапија со разговор, се безбедни и може да бидат ефективни во лекувањето широк спектар на ментални болести. Ова ќе биде првпат во клиничките тестирања ДМТ да им се дава на луѓе со умерена или сериозна депресија.

 

Веруваме дека ефектите ќе бидат моментни и ќе траат подолго од конвенционалните антидепресиви“, вели Керол Рутлеџ од „Смол фарма“, фармацевтската компанија што го спроведува тестирањето.

ДМТ е познат како духовна молекула поради начинот на кој ја менува човечката свест и создава халуцинации. Исто така, е активна супстанција на ајахуаската, традиционална амазонска лековита напивка, која се користи за да се постигне духовно просветлување.