Александар Јосифовски од Охрид ги украде симпатиите на публиката и на дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“, особено на пејачката Јелена Карлеуша. Таа на крајот стана и му честиташе, а Александар кој беше во дуел со Анастасија Ичирул мина во баражот.
„Вака треба да се борите во „Ѕвездите на Гранд“. Ќе бидам нефер ако барам ситни грешки како другите во жирито. Ти ќе бидеш голема ѕвезда“, изјави Карлеуша, која со Ѓорѓе Давид беа задоволни од Александар.
За потсетување во истото шоу подоцна, пејачот Александар Темелков од Велес, ја напушти сцената среде снимање, оти не доби ниеден глас. Тој подоцна изјави дека уште пред да настапи знаел дека нема да помине понатаму.
Настапот на Александар почнува на 1:36:00.
(Видео) Александар Темелков му се налути на жирито во „Гранд“ и си замина среде емисија