Пејачот Ѓорѓе Балашевиќ не го составил тестаментот, пренесуваат српските медиуми. Легендарниот пејач почина од корнавирус во февруари, а неговото семејство деновиве го покрена прашањето за неговото наследство.
„Стар“ пишува дека се што имал Балашевиќ ќе им припадне на неговата сопруга и деца. Музичарот меѓу останатото имал и луксузни недвижнини во Истра, во висина од 400.000 евра.
Како што пишува медиумот, целото негово наследство, рамноправно ќе биде поделено меѓу неговата сопруга Оливера Балашевиќ и нејзините деца, Јована, Јелена и Алекс.
„Балашевиќ никогаш не кажал дека купил нешто вредно или скапо. Секогаш беше скромен во материјална смисла. Сепак, сите тука во Нови Сад знаат дека има многу заработено и сега многу се зборува за тоа кој што ќе наследи. Се споменува некаков тестамент, но ние кои го познававме знаеме дека тој нема напишано тестамент, затоа што тоа за него беше чиста сметка, а тој не беше сметководител. Често со Оливера зборуваа дека не знаат ниту да пресметуваат сметките и дека тоа морале да им го предадат на други луѓе кои биле за таа работа“, открива извор близок до семејството на Балашевиќ.
„Доколку Балашевиќ знаел дека му се ближи крајот, можеби ќе се договорел со сопругата и децата, што на кого ќе му остави. Сега тоа ќе биде направено онака како што налага законот, една половина ќе оди кај жената Оливера, а другата половина е за децата Јована, Јелена и Алекс. Тука ништо нема спорно, затоа што сите тие заедно ќе ги наследат авторските права од неговите песни кои се пуштаат во сите околни земји, како и правата на неговите дела кои ќе бидат објавено. Важно е тие да бидат згрижени сега, кога него го нема и да не мораат да се плашат за егзистенција. Освен тоа, Оливера е многу способна жена и на неа не би и било тешко и ако треба одново да почне да работи и да заработува и за себе и за децата. Тие се хармонично семејство и нема да има проблеми со поделбата на имотот. Сигурен сум дека брзо ќе се договорат. Никој од нив не е мрзлив и секогаш живееле во согласност со ситуацијата и кога имале во изобиле и кога едвај врзувале крај со крај“, открива изворот.
За потсетување, во месец февруари годинава, еден од најпопуларните балкански музичари почина на 67 годишна возраст од коронавирус.