(Фото) Кетрин Хигл имаше тешка операција на вратот: Сега сум како робот

Холивудската глумица Кетрин Хигл (42) вели дека имала тешка операција на вратот и лекарите ѝ ставиле две титаниумски плочки и сега е робот. Таа не откри што се случило, но неколку дена  пред операцијата на социјалните мрежи откри дека чувствува огромна непријатна болка и дека никогаш претходно не ѝ било толку лошо.

По операцијата, актерката сподели фотографии на „Инстаграм“ од закрепнувањето.

„Па, сега сум робот! Два титаниумски диска сега ми живеат во вратот и веројатно ќе можам да стојам на главата со часови. Сѐ уште нема да го пробам тоа, но дајте ми неколку месеци и ќе видите“, напиша таа.

Хигл, која се прослави со улогата на доктор Изи во серијата „Вовед во анатомија“, им се заблагодари на лекарите што реагирале бргу и ѝ помогнале во најтешките денови.