Канје Вест ги престигна Опра и Џордан, раперот стана најбогатиот Афроамериканец со 6,6 милијарди долари

Канје Вест стана најбогатиот Афроамериканец на светот. Тој ги престигна Опра Винфри и Мајкл Џордан со богатство од 6,6 милијарди долари.

Минатата година ова време неговото богатство ја надмина бројката од милијарда долари, а сега стана уште побогат, пишуваат медиумите.

Богатството на раперот оваа година пораснало 4,7 милијарди долари во однос на април 2020 година, кога, според магазинот „Форбс“, изнесувало 1,3 милијарда долари.

Големите деловни потези што ги направи со својот моден бренд Yeezy изминативе години најмногу влијаеле на растот на неговото богатство. Неодамнешните договори со познати брендови само дополнително ја подигнале вредноста на неговото богатство.

Според најновите информации, Канје стана најбогатиот Афроамериканец на светот, а раперот на финансиски план ги престигна и Опра Винфри, чие богатство е проценето на 3,5 милијарди долари, и Мајкл Џордан со 2,2 милијарди долари.

Исто така, Канје го надмина и Роберт Џејмс Смит, кој тежи 6,5 милијарди долари.

 

Scroll to Top