Кристијан Станковски, познат како Бомбакис, дечкото кој ја забавува јавноста со неговите транспаренти на „Инстаграм“, се јави откако Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со неговата најголема обожавателка Лиде Лиде.
Тој се сликаше со транспарент на кој пишал: „И Лиде се сретна со Венко, а ти уште си ми скарана“.
Бомбакис доби поддршка од многу фанови, а му пиша и Лиде и му вети дека ќе ги смири со девојка му.
За потсетување, неговите интересни и позитивни пораки му донесоа голема популарност за кратко време. Тој се сликаше и со Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и многу други, но и со негови пријатели и на обични и необични места во земјава, од каде секогаш испраќа забавни, позитивни пораки.