Овен
Почетокот на неделата може да ви донесе мали недоразбирања со партнерот, но ништо опасно биејќи ќе ги поправите со искрен разговор. Ве очекуваат пријатни изненадувања. Мали проблеми и промени ќе настанат во вашиот деловен круг, па ќе се почувствувате малку несигурни и немоќни. Присутните Јупитер и Уран ја нагласуваат таинствноста, додека Меркур ви носи нови почетоци. Од оваа недела започнете да водите поздрав живот.
Бик
По неколкуте бурни разговори конечно ќе најдете заеднички јазик со партнерот. Не бидете премногу критични уште на прв поглед, бидејќи така ги бркате луѓето од вас. На некој пријател му е потребна вашата поддршка. Доколу работите во администрацијата или нешто поврзано со економија, оваа недела е одлична за вас. Интелектуално сте многу силни па нема да имате никаков проблем. Можни се мали потези кои ќе ви донесат големи приходи. Внесувајте поразновидна храна.
Близнаци
Се чини дека оваа недела нема да биде баш најповолна за припадниците на овој знак. Нивото на стрес ќе биде зголемено, па поддршката од партнерот и семејството ќе ви биде повеќе од потребна. Работата оваа недела не оди баш најдобро. Некои ќе донесуваат брзоплети одлуки кои можат да ги чинат пари и нерви. Пречките ќе постојат на секој чекор, а смиреноста ќе биде вашето најголемо оружје против нив. Зголемениот стрес ќе си го направи своето – несоница и главоболки.
Рак
Разведрување на ситуацијта. Поволна недела во која можете да направите некој посмел чекор. Нека не ве плашат грешките од минатото, променете го вашиот негативен став и ослободете се. Најверојатно дека оваа недела само ќе се досадувате, нема простор за напредок. Обидете се да си ја направите работата поинтересна, променете го пристапот кон обврските. За ситниците кои не ви се јасни обратете им се на колегите.
Лав
Нема да знаете како да постапувате, ќе има позитивни настани, но повеќето ќе бидат негативни. Најдобро е да не повлекувате нагли потези. Паузирајте со емоциите со цел да не предизвикате уште поголем проблем. Се однесувате несоодветно, па најверојатно поради тоа ќе бидете казнети. Ставете им крај на малите и ситни лаги и измами бидејќи колегите и шефот одамна ви ги имаат прочитано намерите. Егото ви создава проблеми. Намалете ги мастите.
Девица
Поволен период за започнување на нешто ново. Новата врска или новото пријателство ќе донесат среќа во вашиот живот. Бидете искрени уште на самиот почеток. Претставете се во вистинското светло. Големиот број проекти нема да ви дозволи да се одморите. Издржете уште малку следи разведрување на деловен план. Плановите кои ги имате за во иднина ќе биде потребно малку да ги одложите. Можни се проблеми со бубрезите.
Вага
Ќе доживеете интересна и несекојдневна ситуација која ќе пробуди некои нови чувства кај вас. Нема да можете да ѝ одолеете на личноста од спротивниот пол која ќе ви предложи нешто интерсно. Уживајте во убавите мигови. Можно е малку да ја запоставите работата, но не грижете се, ништо страшно. Нема да постојат проблеми доколку малку ја освежите главата. Кон половината на неделата повторно максимално ќе се ангажирате за завршување на обврските. Можна е појава на вкочанетост, применувајте вежби за релаксација и истегање.
Скорпија
Имавте некои сомнежи во текот на минатата недела, а во текот на оваа ќе сфатите дека беспотребно сте се грижеле. Не отфрлувајте ги идеите на партнерот, оставете му малку простор за и тој да реши некоја задача од вашиот заеднички живот. Совршено се снаоѓате во деловниот живот. Некои обврски и задачи ви се одапред завршени, па затоа ќе имате доволно време да си посветите и самите на себе. Финансиски совет барајте само од стручни лица.
Стрелец
Вашиот партнер јасно и гласно ќе ви ги каже неговите желби, не фрустрирајте се бидејќи нема да можете сите да ги исполните наеднаш, обидете се постепено да ги исполнувате, тие се важни за вашиот заеднички живот. Оние кои не се во врска, оваа недела им носи интересна личност. На работа ќе ве очекуваат вообичаените обврски, па нема да почувствувате промени на темпото. Некој ќе се обиде на дискретен начин да ви укаже каде сте грешеле во минатото, не лутете се. Променливото време може да ви донесе настинка
Јарец
Ве очекува интересен состанок со лице кое е сосема спротивен карактер од вашиот, тоа малку ќе ви делува чудно на почетокот, но за вас ќе биде интересно и задоволувачки. Оние кои се во долга врска ќе се обидат да ја обноват страста. Мали проблеми ќе тропнат на вашата врата. Се обидувате на сите да им помогнете па ќе се најдете во жешката средина во која нема да ви биде воопшто пријатно. Можно е да одговарате за туѓите грешки, а за тоа сами сте виновни. Подобрете го расположението, отфрлете го стресот и зголемете ја дозата на витамини.
Водолија
Одличен период во кој слободните ќе запознаат нови интересни личности, меѓу кои ќе биде и нивниот иден партнер. Оние во долга врска или брак ќе ја освежат љубовта со неколку романтични потези. Малку ќе потфрлите на деловното поле, но не грижете се, тоа ќе биде само на кратко. Колегите ќе забележат дека имате промени во приватниот живот и ќе ви помогнат со деловните обврски. Можна е настинка, подобрете го квалитетот на исхраната.
Риби
Во текот на оваа недела ќе дознаете една не толку пријатна вистина за вашиот партнер. Ќе бидете разочарани, па можно е да се обидете да барате утеха во првата личност од спротивниот пол на која ќе налетате. Ќе бидете загрижени за развојот на настаните на работното место, но не се грижете вашата среќна ѕвезда нема да дозволи некој да ви наштети. На половината од неделата ќе поминат сите загрижувачки настани.