Здравко Мамиќ ја тресе Хрватска: Му платив на судија одмор во Дубаи со љубовница и нејзината ќерка

Здравко Мамиќ, поранешен извршен директор на хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб, го продолжи судирот со судиите за кои тврди дека им дал огромни суми пари и многубројни подароци. Тој неодамна и заплака на „ТВ фејс“ велејќи дека одговорните во Хрватска не му дозволуваат да ги помине последните мигови со мајка си.

Здравко исто така најави дека ќе се откаже од хрватското државјанство, а ќе продолжи да презентира докази со цел да ја докаже својата невиност. Тој покажа резервации за лет во Дубаи, што ги купил и му ги доделил на судијата Звонко Векиќ, неговата љубовница и ќерка ѝ.

„Пред три дена го повикав корумпираниот судија т.н. Луј Витон Векиќ да се спаси и да ја објави потврдата за резервација на летот за себе, неговата љубовница и ќерка ѝ за патувањето во Дубаи. Времето истече. Мене не можете да ме купите, ниту да ме принудите да ги чувам предметите на дното од фиоката. Ексклузивно ја објавувам мојата е-пошта преку која резервирав, плаќав и му ги доставив билетите за Дубаи, а тој ја понесе својата љубовница и ќерка ѝ. Господата, секако, летаа во Дубаи со бизнис-класа, а ваучерот беше над 23.000 куни само за летот. Се надевам дека сега сопругата на господинот Векиќ ќе ја разбере лагата што нејзиниот сопруг ѝ ја продал кога ѝ рекол дека нема да биде таму за Нова година затоа што оди на деловен конгрес. Со ова апелирам до преостанатите судии – претседателот Фрутек, судијата Квешиќ, судијата Бобан и началникот да си дадат оставка што е можно побргу затоа што ги чека судбината на Круглин и Векиќ – колку подолго чекате толку полошо ќе биде за вас. Вашето време заврши, времето за реформи во правосудството и наплата на вашите гревови пристигна“, напиша Мамиќ на својата фејсбук-страница.

Scroll to Top