Црните дупки обично се замислуваат како вселенски тела кои е невозможно да се видат бидејќи ништо не може да избега од нивната гравитација, па дури ни светлината.
Но, тоа не е целосно точно веќе неколку години. Соработката со телескопот Event Horizon (EHT), која ја објави својата прва фотографија на црна дупка во 2019 година, сега го претстави новиот изглед на масивниот објект во центарот на галаксијата Messier 87 (M87) и неговиот изглед на поларизирана светлина. Ова е прв пат астрономите да можат да ја измерат поларизацијата, што е потпис на постоењето на магнетни полиња, толку близу до работ на црната дупка.
Овие набљудувања се клучни за да се објасни како галаксијата М87, оддалечена 55 милиони светлосни години, е способна да лансира исклучително моќни енергетски млазови од нејзиниот центар.
„Сега ги гледаме следниве круцијални докази неопходни за да разбереме како магнетните полиња се однесуваат околу црните дупки и како активноста во овој многу компактен дел од вселената може да предизвика моќни млазови кои се протегаат далеку од галаксијата“, рече Моника Мочиброџка, координатор на работната група полариметрија на ЕХТ и доцент на Универзитетот Радбуд во Холандија за European South Observatory.
На 10 април 2019 година, научниците ја објавија првата фотографија на црна дупка – светла структура слична на прстен со темна централна област. Всушност се снимени контурите, односно силуетата на црната дупка што се гледа во позадината на областа покрај самата црна дупка, што се нарекува хоризонт на настанот.
Кога гасовите влегуваат во црната дупка, тие се загреваат со триење на температури од повеќе од милијарда степени поради големата гравитација, поради што околината, односно хоризонтот на настанот, може да се гледа како светлечко подрачје.
Со други зборови, научниците забележале светло зрачење од материја што циркулира со голема брзина на работ на хоризонтот, околу областа на темнина што ја претставува црната дупка. Средината што останала темна во тој сјаен прстен на блескава материја е црната дупка.
Следејќи го овој потфат, ЕХТ влезе во подетална анализа на податоците за црната дупка во галаксијата М87 во центарот на соѕвездието Девица. Неговата маса е шест милијарди пати поголема од масата на Сонцето и таа е една од најмасовните познати црни дупки. Деталните анализи покажале дека значителен дел од светлината снимена околу црната дупка во М87 е поларизирана.
„Оваа работа е голема пресвртница: поларизацијата на светлината носи информации што ни овозможуваат подобро да ја разбереме физиката зад сликата што ја видовме во април 2019 година, што не беше можно порано“, објасни Иван Марти-Видал, исто така координатор на ЕХТ и истакнат истражувач на Универзитетот Валенсија во Шпанија.
Тој додава дека „биле потребни години работа за да се открие оваа нова слика на поларизирана светлина, поради сложените техники вклучени во добивањето и анализата на податоците“.