Израел и Нов Зеланд со употреба на спреј за нос привремено ќе го спречат ширењето на коронавирусот

Израел и Нов Зеланд издале привремено одобрение за продажба на спреј за нос со азотен оксид (НОНС) од страна на биотехнолошката компанија SaNOtize Research and Development, што може да помогне да се спречи пренесувањето на коронавирус.

Производството на спрејот наречен „Еновид“ започнал во Израел во соработка со партнерската компанија на SaNOtize, Nextar Chempharma Solutions Ltd и се очекува производот да се најде во продажба во текот на летото.

Во Нов Зеланд, SaNOtize регистрирал спреј за нос со одобрение од тамошната Регулаторната агенција, Администрацијата за безбедност на лекови и медицински помагала, дозволувајќи и на компанијата веднаш да го дистрибуира и продава производот без рецепт, соопштила компанијата од Ванкувер.

НОНС треба да ги заштити корисниците од вирусите што влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт.

Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос.

Одобрението побарано од компанијата не одговара на класичниот процес на аплицирање или одобрување, соопштило вчера Министерството за здравство, со образложение дека ќе продолжи со понатамошните преговори со компанијата.

Минатата недела SaNOtize и британската фондација за болницата Ashford и St. Peter’s од Сари ги објавиле резултатите од клиничките испитувања кои покажуваат дека НОНС е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на Ковид-19, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.

Крис Милер, водечки научник во SaNOtize, рече дека нивната формула на азотен оксид за употреба кај луѓето е дизајнирана да „ги уништи вирусите во горниот респираторен тракт, спречувајќи ги да се инкубираат и да се рашират во белите дробови“, објави Јерусалем Пост.

Scroll to Top