(Фото) Емили Ратајковски објави фотка додека дои: Моето момче

Американската актерка и манекенка Емили Ратајковски, која се породи пред две недели, секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии поврзани со раѓањето на бебето.

Емили сега со фотографија на која го дои бебето го откри неговиот пол и сподели дека со сопругот Себастијан заедно му го дале името Силвестер Аполо Беар.

„Убаво момче“, напиша таа во објавата, иако за време на бременоста рече дека таа и нејзиниот сопруг нема да го објават полот на детето сè додека тоа не наполни 18 години и самото не ги извести за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

„Потврдено, Силвестер Аполо Беар ни се придружи на Земјата. Слу пристигна во најнадреалното, најубавото и најисполнетото со љубов утро во мојот живот“, напиша Рајтаковски под другата фотографија.

Пред неколку дена, Емили ги изненади обожавателите со фотографии направени само 12 дена по породувањето, на кои има целосно рамен стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)

Scroll to Top