Актерката Ема Стоун стана мајка

Оскаровката Ема Стоун (32) и нејзиниот сопруг Дејв Меккери станаа родители. Актерката се породила на 13 март во болница во Лос Анџелес, пренесува „Ти-ем-зи“. Според порталот, засега не се знае дали таа родила мажко или женско дете.

Ова е прво дете на Ема и Дејв. Тие се запознаа 2016 година, кога Ема беше домаќин на шоуто Saturday Night Live, а Дејв режираше еден скеч за епизодата. Се свршија во декември 2019 година, а се венчаа лани на тајна церемонија.

 

Scroll to Top