Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти дека ја дисквалификува Белорусија од годинашниот Евросонг, откако земјата двапати пријави песна со која испраќа политичка порака. Според ЕБУ, Белорусија со ова ги прекршила правилата на натпреварувањето.
Земјата пред две недели доби известување дека треба да ја промени песната поради наводни политички стихови, но според ЕБУ, и новата песна е несоодветна за музичкото натпреварување. Групата „Галаси Зместа“ ги исмеваше протестите против белорускиот лидер Александер Лукашенко, што наводно било вклучено и во нивната евровизиска песна.
„Белоруската национална телевизија не испрати соодветна песна во продолжениот рок, па за жал, Белорусија нема да учествува на 65. Евровизија во Ротердам во мај“, објави ЕБУ.