Пол Макартни објавува готвач со омилените рецепти на неговата почината сопруга

Сер Пол Макартни (78), заедно со ќерките Мери (51) и Стела (51) ќе издаде книга за готвење во која се собрани вегетаријанските рецепти по кои готвела неговата покојна сопруга Линда. Книгата „Семејната кујна на Линда Макартни: преку 90 вегетаријански рецепти што ќе ја спасат планетата и нахранат душата“, е колекција од омилените рецепти на Линда, споени во модерен готвач.

„Книгата за готвење, на 29 јуни, ќе ја ажурира кујната на Линда, повторно измислувајќи ги нејзините најсакани рецепти од растително потекло, заедно со нивните омилени семејни приказни и рецептите што сега ги јадат дома“, стои во соопштението од издавачката куќа.

Линда, првата сопруга на Пол, која почина во 1998 година од рак, со години беше вегетаријанец и приготвуваше храна без месо.

„Оригинална пионерка во храната, Линда веруваше во вкусна, здрава храна без месо и прифаќаше љубезност и сочувство во сè што правеше“, стои во соопштението.

Освен рецептите, готвачот ќе вклучува лични приказни и интимни семејни фотографии направени во период од 30 години.

„Линда дома често готвеше за семејството и овие рецепти сега се ажурирани за модерната публика, така што сите тие сега се здрави и чудесни. Се надевам дека оваа книга ќе инспирира разговори за одржливоста и за модерното живеење меѓу луѓето, освен што ќе понуди одлични рецепти“, вели Макартни.

Некои од семејните рецепти се палачинките на Линда во американски стил, ролни од колбаси и пастирска пита.

Пол, Мери и Стела, исто така, вклучуваат некои од јадењата што најмногу ги прават дома.

Освен оваа книга, популарниот музичар од „Битлси“ наскоро ќе ја промовира и својата втора сликовница за деца, „Зелената подморница на дедото Фраер“.

Пол Макартни објавува сликовница за деца

Scroll to Top