Првпат од почетокот на пандемијата, во Барселона се одржа концерт со публика од 5.000 луѓе. Концертот на алтернативниот бенд Love of Lesbian се одржа во салата „Палау де Сант Џорди“, која може да прими 24.000 луѓе. Сите присутни биле тестирани за коронавирус пред почетокот на журката.
Настанот беше организиран за да се тестира дали ваквите концерти, со строги хигиенски мерки, можат да бидат безбедни и покрај пандемијата.
„Добредојдовте на еден од најтрогателните концерти во нашите животи“, ја поздрави публиката Санти Балмес, пејачот на групата.
„Беше одлично, всушност подобро отколку пред коронавирусот, бидејќи сите беа неверојатно среќни и возбудени што конечно присуствуваа на концертот. Многумина танцуваа и пееја користејќи заштитни маски”, рекол Рубен Касадо за агенцијата ДПА.
Концертот се одржа под строги протоколи. Организаторите поставиле специјализирани центри за тесирање од корона, а само шест од 5.000 тестови покажале позитивни резултати, пишува весникот „Ла Вангуардија“. На заразените не им било дозволено да влезат, а парите за купените билетите ќе им бидат вратени. Резултатите од тестовите биле готови за 10-15 минути, а тестот и маската биле вклучени во цената на билетот.
Сличен концерт со 5.000 луѓе се одржа лани во декември во Мадрид, но не беше дел од истражување за мерките против короната. На тој концерт гледачите мораа да стојат на дистанца.
5.000 personas participan en un cribado para el concierto de Love of Lesbian en Barcelona
Por @davidexposito97https://t.co/5GOalR9zhE pic.twitter.com/XtZzdn7MzB
— NIUS (@NiusDiario) March 27, 2021