Главниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, вели дека би можел да заврши во самица поради низата мали отпори и непослушноста кон стражарите. Тој ја обајви и својата прва фотограија од затвор, пренесува „Курир.рс“.
Тој во четвртокот јавно ги обвини стражарите дека не му даваат да има мирен сон и дека постојано го буделе во текот на ноќта. Тој вели дека тоа е некаков вид тортура, а неговото барање за лекување на болките во грбот и нозете било игнорирано.
Повеќе од 20 лекари издале отворено писмо барајќи од властите со главниот опозиционер000 да се постапува на соодветен начин.
„Се плашиме од најлошото. Оставањето на пациентот во таква состојба може да доведе до сериозни последици, вклучително и неповратно, целосено и делумно губење на функциите на долните екстремитети“, е наведено во писмото.
Затворските власти, по направените прегледи минатата недела, велат дека неговата состојба била стабилна и задоволителна. Кремљ одбил да го коментира писмото на лекарите.
Навални денес преку своите адвокати ја објави првата фотографија од затворот. На фотографијата се гледаат неговите рамења и избричената глава, а тој е облечен во затворска облека. Во истото соопштение изјавил дека шестпати бил укорен во рок од две недели.
Двете опомени што ги добил за непослушност биле доволни за самица, изјавил тој.