Ќерката на холивудската актерка Кејт Винслет, Миа Треплтон, тргна по стапките на мајка си и го сними првиот филм.
Миа го привлече вниманието на папараците по своето актерско деби во филмот „Shadows“ (Сенки), на Карл Лаван, чија премиера беше лани во октомври. Тоа беше можност јавноста да ја види ќерката на Кејт за првпат откако беше бебе. Кејт Миа ја доби во 2000 година, во бракот со Џим Треплтон, од кого се разведе една година подоцна.
За дебитантската улога, Миа во интервјуто за магазинот „Variety“, изјави дека не можела да поверува колку голема среќа има кога добила улогата во „Shadows“, бидејќи тоа бил првиот филм за кој се пријавила на аудиција. Shadows“ е психолошки трилер, чија премиера беше на Филмскиот фестивал во Рим, а сценариото е во пост-апокалиптичен свет во кој луѓето треба да избегнуваат дневна светлина за да преживеат.
View this post on Instagram
„Само што завршив училиште, се ослободив од пеколот со испитите, се чувствував возбудено, нервозно и всушност подготвена да започнам со аудиции, во надеж дека ќе ми се отворат можностите“, изјави Миа.
Иако нејзината мајка е славна актерка, Миа призна дека поминувала многу време на филмските сетови додека растела.
„Одењето во сетови отсекогаш ми беше посебно задоволство. Тоа е сосема поинакво искуство кога ќе ти се случи, не само нешто што се гледа од време на време. Јас навистина разбирам зошто мама се обиде да ни покаже колку е напорна работа. Таа е во право. Но, јас уживам во секоја секунда“, објасни 20-годишната актерка.
View this post on Instagram
Кејт изјави дека сè уште не го гледала „Shadows“ затоа што нејзината ќерка била прилично нервозна поради тоа што нејзиното семејство ја гледа во улога на актерка. Но, нема ништо против тоа Миа да ги следи нејзините стапки.
„Најголемата предност за Миа е тоа што таа не го носи моето презиме. Тие немаа идеја која е нејзината мајка“, изјави Кејт за странските медиуми.
Многумина на социјалните мрежи коментираа дека ја препознаваат младата Кејт Винслет во Миа.
По разводот со таткото на Миа, Кејт беше во брак со режисерот Сем Мендез од 2003 до 2011 година, со кого го доби синот Џо. Своето најмало дете, седумгодишниот син Бер, го доби со сопругот Едвард Абел Смит, со кого се омажи во 2012 година.