Американскиот рапер Монтеро Ламар Хил, попознат како Лил Нас Х, учествувал во дизајнирањето на таканаречените „сатански патики“ заедно со уметничкиот колектив Бруклин МСЦХФ. Компанијата „Најк“, чие лого се најде на „сатанските патики“, решила да го тужи уметничкиот колектив Бруклин МСЦХФ, со кој соработувал музичарот.
„Најк“ го тужи уметничкиот колектив Бруклин МСЦХФ за контроверзниот пар „сатански патики“, кои содржат капка вистинска човечка крв во ѓонот.
МСЦХФ во понеделникот објавила за продажба 666 пара патики во соработка со раперот Лил Нас Х и за истите вели дека се распродадени за помалку од една минута, пренесува Ви-Би-Си.
Is it wrong that I think the #satanshoes look good😅 pic.twitter.com/N61p4K4jea
— Angelo (@MigsAngelo777) March 30, 2021
Лансирањето се совпаѓа со објавувањето на спотот за новата песна на Лил Нас Х „Montero (Call Me By Your Name)“, во кој раперот оди „од рајот во пеколот“ во „сатанските патики“.
Контроверзните патики чинат 1.018 долари, а покрај црвената боја, во ѓонот носат и една капка човечка крв, што ја донирале членовите на уметничкиот колектив.
Направени се со сатанистички симболи. Украсени се со превртен крст, пентаграм, натпис „Лука 10:18“ (повикување на библискиот стих: „Тој им рече: видов дека Сатана паѓа како молња од небото“, број 666, но исто така го има и заштитното лого на брендот „Nike“, затоа што дизајнот е модификација на „Nike Air Max 97s“ и компанијата веќе има проблеми поради тоа.
Тие велат дека не ги одобриле „сатанските патики“ и бараат од судот да ја запре продажбата на МСЦХФ и да ги спречи да го користат нивниот знак.
„Патиките може да бидат збунувачки и да создадат погрешна врска помеѓу МСЦХФ и ‘Најк’. Всушност, веќе постојат докази за тоа, меѓу другото, има и бројни повици за бојкот на брендот Nike“, се наведува во тужбата.
MSCHF x Lil Nas X “Satan Shoes” 🏹
👟Nike Air Max ’97
🩸Contains 60cc ink and 1 drop of human blood
🗡️666 Pairs, individually numbered
💰$1,018
🗓️March 29th, 2021 pic.twitter.com/XUMA9TKGSX— SAINT (@saint) March 26, 2021