(Видео) Македонија ја победи Германија во квалификациите за Светско првенство

Во својот трет натпревар, Македонија вечерва во Дуизбург ја победи репрезентацијата на Германија со 2:1, во рамки на квалификациите за Светско првенство.

Со головите на Пандев и Елмас, Македонија освои три бода против четирикратниот светски шампион кој нема пораз на домашен терен дваесет години. Со оваа победа, Македонија се најде на второто место во групата со освоени шест бода.

За Пандев Германија е третиот гигант кој се најде на списокот на големи репрезентации на кои им има дадено гол. Претходно погодуваше против Холандија во 2004 и 2008 година. Тој погоди и против Шпанија, двапати во пријателскиот меч во Скопје.

Со овој гол, капитенот со 37 години стана најстариот фудбалер кој на Германците им дал гол во мундијалски квалификации. Германија успеа да израмни во Гундоган од пенал во 63 минута.

 


Победата на Македонија доаѓа во одличен момент по скандалот кој се случи на послениот натпревар против Лихтенштајн со Илија Несторовски, кои поради пцовка, селекторот Горан Ангеловски го отстрани за овој натпревар.

На Несторовски му забранија да зборува, селекторот Ангеловски го тргна од натпреварот со Германија

Scroll to Top