Британската кралица Елизабета II прв пат годинава се појави во јавноста, само два дена по олеснувањето на строгите мерки за ограничување воведени поради ковид-19 во Велика Британија.
Таа се појави без маска, откако беше вакцинирана против корона во јануари, но одржуваше физичко растојание и на тој начин се придржуваше до епидемиолошките мерки.
Кралицата по 5 месеци пауза се појави на кралска должност да оддаде почит на спомен обележјето на военото воздухопловство во Ранимед, по повод 100-годишнината од кралското воено воздухопловство на Австралија.
Девеесет и четири годишната кралица не е видена во јавноста од лани во декември откако се дружеше со членовите на кралското семејство во замокот Виндзор на Божиќната забава.