(Фото) Кралицата Елизабета Втора првпат во јавност без маска, но држеше растојание

Британската кралица Елизабета II прв пат годинава се појави во јавноста, само два дена по олеснувањето на строгите мерки за ограничување воведени поради ковид-19 во Велика Британија.

Таа се појави без маска, откако беше вакцинирана против корона во јануари, но одржуваше физичко растојание и на тој начин се придржуваше до епидемиолошките мерки.

Кралицата по 5 месеци пауза се појави на кралска должност да оддаде почит на спомен обележјето на военото воздухопловство во Ранимед, по повод 100-годишнината од кралското воено воздухопловство на Австралија.

Девеесет и четири годишната кралица не е видена во јавноста од лани во декември откако се дружеше со членовите на кралското семејство во замокот Виндзор на Божиќната забава.

Scroll to Top