Светскиот модел Кендал Џенер се плаши за својот живот затоа што некој ѝ се заканил дека ќе ја убие, пишуваат светските медиуми. Според пишувањата на ТМЗ, Џенер била известена од полицаец дека некој сака да ја убие.
Службите веднаш го привеле осомничениот со име Малик Боукер, а судот веќе одредил привремена мерка за забрана за доближување. Малик наводно ѝ се заканил на Џенер, а потоа рекол дека ќе се самоубие.
Џенер дознала дека Малик ја следел за да ја убие. ТМЗ пренесува дека полицаец од полицискиот оддел во Лос Анџелес ја информирал Џенер за неговиот план уште на 25 март. Сакал да ја убие затоа што не ја користела својата јавна платформа на правилен начин.
Полицаецот ја предупредил Џенер дека Малик има намера да набави нелегално оружје.
За среќа, полицијата го лоцирала и привела навреме и тој е задржан на привремено психијатриско лекување. Џенер се плаши дека би можел да биде ослободен во секој момент.
На медиумите им објаснила дека не го познава, но неговиот план за убиство многу ја вознемирил. Таа додала дека се плаши од неговите закани и стравува дека доколку го пуштат на слобода, тој повторно ќе се обиде да ја побара и да ја повреди или убие.
За да се чувствува безбедно, Џенер се преселила на безбедна локација и има вооружено обезбедување. Вели дека не планира да се врати во својот дом. Засега нема информации дали ќе ја продаде куќата.