(Видео) Ќерката и сопругата на Вил Смит јавно признаа дека ги привлекуваат жени

Актерката Џејда Пинкет Смит и нејзината ќерка Вилоу признаа дека претходно ги привлекувале жени. Тие објавија сѐ во специјална емисија на „Фејсбук“, чија водителка беше мајката на Џејда, Адријана Банфилд-Норис.

Џејда, која е во брак со актерот Вил Смит, во интервју изјави дека сексуално ја привлекуваат жени, но врските со нив никогаш не биле за неа.

„Обожавам да сум опкружена со жени, но никогаш не би можела да се поврзам со нив во романтична смисла. Сепак, никогаш не знаеш. Двапати досега ме привлекувале жени во сексуална смисла и тоа беше прилично рано, кога имав 20-ина години“, рече актерката.

Потоа се надоврза ќерка ѝ Вилоу.

„Се сеќавам дека во неколку наврати размислував колку се убави некои девојки. Никогаш не сум била заљубена во девојка, но не ја исклучувам можноста тоа да се случи затоа што тие многу ме привлекуваа порано”, заклучи 20-годишната Вилоу.

Џејда и Вил Смит имаа многубројни проблеми во бракот, а лани во шоуто таа јавно му призна на Вил дека имала афера со 28-годишниот пејач Август Алсин, но тој ѝ го прости неверството.

Освен неверството, во емисијата во 2019 година актерката изјави и дека верува во полигамија.

„Моногамијата ве спречува да одолеете на несигурности или љубомора. Дефинитивно, би сакала да бидам во врска со еден маж и една жена“, рече тогаш Џејда. Таа додаде дека не ја интересираат толку многу нови сексуални искуства колку создавање емоционална врска.

 

Scroll to Top