Капитенската лента која Роналдо ја фрли е продадена за 64.000 евра, парите ќе одат за лекување на шестмесечно бебе

Капитенската лента која Кристијано Роналдо ја фрли на крајот од натпреварот со Србија, беше продадена на аукција за 64.000 евра. Парите ќе бидат донирани во фондот за лекување на шестмесечно бебе од Крагуевац.

Лентата ја фрли Роналдо на крајот од натпреварот откако судиите не му го признаа погодокот. Натпреварот заврши нерешено 2:2, а Роналдо уште пред последниот свиреж на судијата, нервозен го напушти теренот и ја фрли капитенската лента.

На стадионот немаше ВАР систем, за да се провери спорната ситуација. На крајот капитенската лента ја зема еден пожарникар, кој бил ангажиран за обезбедувањето на натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“. Тој ја понудил на аукција.

Сега парите од продажбата ќе одат за лекување на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ, кој боледува од спинална мускулна атрофија.

Капитенската лента на Кристијано Роналдо заврши на аукција за хуманитарна помош

Scroll to Top