Капитенската лента на Кристијано Роналдо заврши на аукција за хуманитарна помош

Капитенската лента на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо заврши на хуманитарна аукција. Фудбалерот на крајот од натпреварот со Србија, револтиран зашто не му беше признат голот, ја фрли на теренот и си замина во соблекувалната.

Еден од дежурните работници на стадионот ја зел и одлучил да ја донира. Парите што се собраа беа донирани за хуманитарни цели. Собраните средства се наменети за лекување на шестомесечниот Гаврил Ѓурѓевиќ.

Гаврил боледува од спинална мускулна атрофија и за неговото лекување потребни се 2.500.000 евра. Семејството нема услови сами да ги собере парите, па преку јавноста тие се надеваат дека ќе успеат да ги обезбедат паричните средства.

Капитенската лента на Роналдо била огласена на познатата интернет-страница „Лимундо“ и ќе ја земе оној што ќе понуди најмногу пари за неа. Лентата е проценета на 25.000 динари.

 

Scroll to Top