Франческо Зампано е фудбалер кој игра во пониските лиги во Италија и нема некоја завидна фудбалска кариера. Сепак, пред неколку години тој имал луда ноќ во Мајами. Зампано се нашол во друштво на неколку пијани Американки кои мислеле дека се забавуваат со капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос. Во текот на целата ноќ Зампано не кажал дека не е Рамос, па така минал една незаборавна ноќ со девојките.