Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, предупреди дека работите можат да се влошат во наредниот период со избивање на нова пандемија. Тој честопати досега во јавноста излегуваше со коментари за пандемијата на коронавирусот.
Ги повикуваше сите масовно да се вакцинираат и да ги почитуваат дадените мерки во борбата против опасниот вирус. Неодамна на неговиот блог коментирал и изразил загриженост за ширењето и појавувањето на новите видови коронавирусот.
„Светот помина долг пат во борбата против Ковид-19. Но, новите варијанти на вирусот може да го загрозат напредокот што го постигнавме во текот на изминатата година”, напишал тој.
Гејтс детално објаснил како мутациите ја комплицираат пандемијата.
„Вирусот на грип брзо мутира и затоа често се соочуваме со различни негови варијанти. Тие не се невообичаени, но тоа исто така значи дека се потребни нови варијанти на вакцини“, вели Гејтс.
„Вирусот Ковид-19, како и сите вируси, има само една цел, да се размножува. Секој пат кога вирусот ги напаѓа вашите клетки, ја мами клетката во упатствата кодирани во нејзината РНК за да направи повеќе копии на вирусот. Кога клетката создава нов вирус, тој мора да ги копира упатствата. Но, тоа е исто како да одите на час на слепо пишување во училиште, тешко е да ја напишете истата работа без ниту една грешка. Кодот на вирусот што го предизвикува Ковид-19 е долг со околу 30. 000 букви. Има многу шанси за грешка. Повеќето грешки доведуваат до вирус кој е функционално идентичен или не може да се реплицира. Но, одвреме-навреме има промена што го олеснува заразувањето или избегнувањето на имунолошкиот одговор на вирусот. Кога таа промена ќе почне да се шири меѓу луѓето, се појавува нова варијанта “, вели Гејтс објснувајќи како се појавуваат новите варијанти.
Ковид-19 мутира речиси двојно побрзо од грипот и е многу поедноставен вирус од грипот, вели Гејтс.
Извор/УСБ