(Видео) Џос Стоун со Тања Царовска ја отпеаја „Ој, Јано, Јано“

Популарната музичарка Џос Стоун на својот јутјуб-канал го објави видеото од песната „Ој, Јано, Јано“ што ја испеа заедно со македонската пејачка Тања Царовска. Дуетот на Тања и Џос е снимена пред неколку години, во времето кога Стоун беше во Скопје и со Каролина ја пееше „Кој да ми запее“, но таа сега првпат го објави видеото.

„Во Црна Гора се сретнавме со пејачката, текстописец и композитор Тања Царовска. Таа е прекрасна, има страстни текстови и убави мелодии и беше прекрасно што ја запознав. За вас ќе испееме една убава песна, за која се надевам дека ќе ви се допадне“, вели во најавата Стоун.

Scroll to Top