Фолк-пејачката Сузана Гавазова се пофали дека нејзината постара ќерка Емели наполни 7 години. За ќерката таа организира мала домашна забава, со торта и музика, а фотографиите и видеата ги сподели на социјалните мрежи.
„Среќен роденден, Емели, наша прва радост, наша гордост. Да си жива, здрава и голема да растеш“, напиша пејачката и откри дека девојчето уживало во роденденската журка.
Сузана, која е во брак со Јасмин Курузовиќ, има уште една ќерка. Таа набргу ќе наполни 6 години.