Дали ни е потребна работна недела од четири дена? – предности и мани од ваквиот начин на работа, кој некои земји сакаат да го воведат

Иако повеќето луѓе во светот се навикнати на систем од пет работни денови и два дена одмор, постојат голем број на иницијативи тоа да се промени и да се скрати работната недела.

Пред 100 години, во Нова Англија бил воведен систем од пет работни дена во недалата, за христијаните и евреите да имаат свои денови на одмор. Идејата пет дена работа и два дена одмор, брзо потоа била масовно прифатена и постои до ден денес.

Но, според некои експерти, истата е неефикасна. Осум или повеќе часа дневно, пет дена во неделата е ритам кој беспотребно ги исцрпува работниците. Експертите од Универзитетот во Мајами спровеле истражување и дошле до заклучок дека мотивацијата и перформансите на работниците кои работат пет дена недело, постојано опаѓа.

Вработените вредно работат на почетокот на неделата, но, го губат фокусот како доаѓа викенд. Друг проблем е што осумчасовното работно време, од 9 часот до 17 часот, е мамка. Мислиме дека постои, но, тоа не е така.

Постојано сме вклучени и го проверуваме својот мејл. А тоа дополнително време кое го поминуваме на работа, надвор од работа, или ќе мине незабележано или нерегулирано. Исто така, работодавците не го сметаат изгубеното време во преоз, од куќата до работата и обратно.

Во обид да се оптимизира работното време, експертите размислуваат за работна недела од четири дена. Истражувањата покажуваат дека кондензирањето на работата, влијае на продуктивноста. Човечкото тело не е во состојба да издржи 10 часа на работа.

Не е во состојба да издржи 10 часа разговор со луѓе, гледање во екран, управување со машина. Воглавно, како што пишува Fastg kompani и осумчасовното работно време станува проблем за голем број работници.

Дали Шпанија ќе биде првата која ќе воведе недела со четири работни денови и ќе го пробие ледот?

Шпанија наскоро би требало да го започне пробниот период од воведување систем со четири работни дена во неделата, кој претходно оваа година го предложила партијата Мас Паис. Ако тестирањето мине како што треба и идејата биде целосно прифатена, Шпанија би можела да стане една од првите земји во светот во кој е имплементиран таков систем.

Тестирањето на овој пилот-проект ќе почне на есен и ќе трае три години и во него ќе бидат вложени 50 милиони евра, за да се овозможи тестирањето мине со најмал можен ризик, пишува „Гардијан“.

Кондензираните распореди се вообичаени во здравствените служби и производство, но, се непрактични кога станува збор за другите професии, особено оние во кои се соработува со клиенти кои сакаат брзи одговори.

Пред 300 години, петдневната работна недела не постоела. Луѓето живееле, се социјализирале и работеле секој ден. Петдневната работна недела е вештачки создадена со цел да се подобри продуктивноста и добросостојбата.

Постојат луѓе кои сакаат да работат за викенди кога ќе им стигнат прилив на мејлови, а имаат помал број на телефонски повици, кога нема колегиуми и состаноци и можат да се посветат посериозно на работата. Ова претставува луксуз кој повеќето вработени го немаат.

Постојат и такви кои работата ја распоредуваат во текот на целиот ден и на тој начин го доведуваат во прашање непишаното праволо дека работата е континуиран процес. На повеќето им одговара во текот на целиот ден да одработат по нешто и на крајот од денот да го сработат она што е потребно.

Расцепкувањето на работата во текот на денот е добро и за здравјето на вработените, затоа што можат подобро да го искористат своето време, да се занимаваат со некое хоби, да се видат со пријателите и семејството, а самото тоа ќе влијае на подобрување на нивната продуктивност.

И Јапонија размислува да воведе работна недела од 4 дена

Јапонија размислува да воведе работна недела од 4 дена за да го подобри квалитетот на животот на луѓето, велат официјалните лица во оваа земја. Тие се надеваат дека оваа шема ќе го унапреди туризмот, кои во моментов се бори со пандемијата од коронавирусот.

Поради пандемијата системот тешко функционира и работниците се со непрегледни работни часови. Катсунобу Като, шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, вели дека размислува да воведе три слободни работни дена неделно, односно, да се направи еден продолжен викенд.

„Важно е да се промовираат различни работни стилови за да се балансира животот и работата“, изјавил тој.

Освен тоа, Јапонците сами ќе можат да одлучуваат кои три дена ќе им бидат слободни. Като истакнал дека во текот на трите дена, граѓаните ќе можат да им се посветат на децата, старите или здравјето.

Тие се надеваат дека Јапонците би можеле повеќе да патуваат, што ќе помогне во развивање на домашниот туризам, но и подолго да се задржуваат на одредени работи, наместо често да се откажуваат, пренесува „Дејли Мејл“.

Сепак постојат и некои мани во системот со четири работни денови во неделата

Во ваквиот систем на работа постојат и некои маани. Постојат недостатоци во однос на тоа кога можете да ги бирате слободните денови. Постојат некои институции кои можат да имаат флексибилно работно време, но, има и такви кои тешко можат да се префрлат на тој опуштен начин на работа, како што се школите, градинките, универзитетите.

Поради тоа, семејството со школски деца, ќе биде помалку флексибилно. Тука е во прашање и ефикасноста од таквата работа, особено ако колегите и шефовите не го разбираат таквиот пристап на работа. На некои можеби ќе им биде тешко да го игнорираат оној мејл кој им стигнал за време на ноќта. На други ќе им биде тешко да се прешалтаат на работа, во време кога се навикнале да се одмораат.

Најголемата мана за работа во викенд е помалку поминато време со семејството. Од друга страна, има луѓе на кои многу повеќе им одговара да имаат пократко, но, поквалитетно поминато време со семејството, како што се семејните вечери, пред да почнат оние два дена викенд.

Скот Даст, професор по менаџмент на Универзитетот Мајами, вели дека повеќето од нас, за време на пандемијава, сватиле дека, колку и да ги сакаме луѓето околу нас, не можеме да ги трпите 24/7.

Сепак, поединци сметаат дека три слободни дена во неделата, можат да доведат до намалување на платата, а дека работодавците би можеле да го зголемат бројот на работни часови во текот на преостанатите работни дена.

Флексибилноста победува

Она што многу организации го забораваат, е дека нивниот главен ресурс, луѓето, суштински се поинакви од другите елементи на работното место. Секој работник е единствен. Секој има поинакви потреби, мотивации, вредности, семејни проблеми.

Не е пожелно да се формираат организации на нискограден пристап, како на пример, работно време од толку до толку. Поради тоа, експерите советуваат единствен ефикасен пристап, а тоа е флексибилност на работното време.

За Даст, идејата од пет работни дена во неделата и работа за викенд, со време ќе биде застарена. Тој смета дека сите треба да работат онолку колку што можат.

„На тој начин вработените нема да жиеат само неколку дена, туку секој ден“, вели тој.

Нов Зеланд и Канада

Уште минатата година, премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, предложила четири дневно работно време во неделата. На тој начин таа смета дека ќе помогне да земјата повторно се отвори по пандемијата. Сонот за четири работни денови во неделата, можеби повеќе не е незамислива.

„Ова е можност да го редизајнираме начинот на кој работиме, за да можеме на долг рок да ги подобриме“, изјавил Џон Тругакос, вонреден професор за Менаџмент школото на Универзитетот во Торонто.

Тој истражувал како работните места и луѓето можат да бидат поздрави и попродуктивни повеќе од 12 години и изјавил дека четиридневните работни недели би можеле да бидат корисни.

„Важно е да се согледаат предностите и недостатоците и да се биде флексибилен“, изјавил тој, додавајќи дека сега е вистинското време да се разгледа нов пристап за работа.

Ардерн го означил туристичкиот сектор на Нов Зеланд, кој вработува 15 проценти од населението и допринесува околу 13,8 милијарди долари бруто домашен производ на земјата, како еден дел од економијата кој може да има корист од луѓето кои имаат долги викенди.

Слично на тоа, во Канада туризмот игра важна улога во економијата, каде се проценува приход од 102 милијарди долари годишно. Пред ковид-19, тоа бил петтиот најголем сектор во земјата, кој ги надминал телекомуникациите и рударството и вработувал 1,8 милиони Канаѓани.

Пандемијата секако донела големи заугуби, па затоа се потпираат на домашниот туризам. Луѓето почесто ќе патуваат ако имаат подолги викенди.

 

Scroll to Top