Пејачот Борис Новковиќ (53) по четврти пат стана татко. Неговата 25 години помлада девојка, Ирис Волф, се породи вчера со царски рез. Студентката по моден дизајн се породи попладнето во болнiцата Меркур во Загреб.
„Како и секој пат кога станував татко, така и овој ден беше еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина во најдобар ред. Ирис и бебето се добри и едвај чекам да дојдат дома“, изјавил Новковиќ.
На Борис и Ирис ова им е второ заедничко дете. Тие ја имаат ќерката Си, која се роди во април 2019 година, а пејачот од претходниот брак има уште два сина.