Лила Филиповска сподели видео од нејзините почетоци како водител, од далечната 1995 година во МТВ. Иако Лила изминативе дест години ја гледаме на „Сител“ како водителка на квизот „Сè или нешто“.
За видеото што го сподели со фановите Лила напиша дека иако не се сеќава на него многу, сепак ова е една од првите снимки од нејзините телевизиски почетоци,
„Ова снимка првпат ја гледам во животот и искрено не се сеќавам многу, но знам дека тоа се моите први водителски води во Македонската телевизија, 1995. Боже каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видите“, напиша Лила под видеото.
Видеото досега има речиси 35.000 прегледи и скоро 3000 лајкувања, како и многу коментари од фановите на водителката.
„Младост, лудост“, „Ама гласчето. Душа мила“, „Фризурата арна си е, чевличињата лудило“, „Природно и нормално“, се само дел од коментарите под видеото.
View this post on Instagram