(Фото) Мајли Сајрус повторно му се врати на алкохолот

Одвикнувањето од алкохол на американската пејачка Мајли Сајрус не се одвива без проблеми. Откако лани во јуни откри дека не пиела шест месеци поради операција на гласните жици, во декември повторно призна дека се обидува да се ослободи од алкохолот, на којшто не му одолеала неделите претходно.

На снимање во Бурбанк, Калифорнија таа се појавила пијана. Со рокерска облека со златен синџир околу вратот, Сајрус дошла со чаша црвено вино на работа.

Видно поднапиена, пејачката се прошетала низ местото за снимање со полната чаша.

Ова следеше по само неколку недели откако sвездата позната по ликот на Хана Монтана се опијани на 15-годишнината од снимањето на оваа серија. За да опише тогаш како се чувствувала Мајли по бурната ноќ, објави фотографии од забавата, како и од пијаниот лик на Хана Монтана.

Иако не сака јавно да зборува за борбата против алкохолот, Мајли призна дека се чувствува најдобро кога не пие.

„За мене, алкохолот е проколнат затоа што не сум умерена личност. Сепак, не мислам дека сите треба да бидат проклето трезни“, рече таа за New Music Daily на Apple Music, додавајќи дека секој знае што е најдобро за него.

„Немам проблем со алкохолот, туку со одлуките што ги носам кога ќе ја преминам таа граница“, рече Сајрус.

Да потсетиме, Сајрус претходно имаше проблеми со дрога, која ја остави на 26-годишна возраст, и како што рече за магазинот „Ролинг Стоун“ во јануари годинава, „нема да ѝ се врати никогаш повеќе“.

„Всушност, една од причините што одбив дрога беше затоа што имав 26 години. Си реков себеси: Морам да се подготвам пред да наполнам 27 години, бидејќи 27 е време кога ќе го преминеш прагот на животот или ќе умреш како легенда“, рече пејачката алудирајќи на Клуб 27, група музичари кои починаа на таа возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

 

Scroll to Top