Згодни танчерки од Австралија завршија на сите насловни страни на тамошните медиуми, но и на столбот на страмот, откако во јавноста се рашири нивното видео како тверкаат за време на една воена церемонија. Тие биле ангажирани од Кралската австралиска морнарица.
Требало да изведат точка на церемонијата, по повод промоцијата на новиот брод HMAS Suplaj. Морнарицата не објаснила зошто танчерките биле ангажирани да настапат со ваква точка. Надлежните овој нивен настап го оцениле како несоодвентен, бизарен и навредлив.
NEW: The Royal Australian Navy commissioned HMAS Supply in Sydney today, and uh….. organised this dance to celebrate pic.twitter.com/OvCYlhhGZG
— Alex Bruce-Smith (@alexbrucesmith) April 10, 2021
Провокативната кореографија на танчерките и нивните костуми, предизвикале бурни реакции и во јавноста, а конзервативците го нарекле ова скандал од невидени размери.