Алма Волберг, мајката на холивудскиот глумец Марк Волберг, почина по тешка битка со болеста. Веста за нејзината смрт ја потврди глумецот на „Инстаграм“.
Таа почина во неделата утрото на 78-годишна возраст. Алма во својот живот работела како медицинска сестра, банкарска службеничка, но се обидела и во глумата.
„Мој ангелу. Почивај во мир“, напишал Марк на „Инстаграм“.
„Време е да почиваш во мир, мамо. Те сакам. Ми недостигаш, но секогаш ќе те славиме“, напишал Дони, неговиот брат.