Првин тироидната жлезда, па сега и срцето, болестите никако да запрат: Јелена Розга проговори за проблемите со кои се соочува

Хрватската пејачка Јелена Розга (43) во интимниот разговор за „ Глорија.хр“ зборувала за своите здравствени проблеми и за стресот со кој се соочува во текот на кариерата.

„Со денови чувствував дека нешто не е во ред, ама мислев дека во прашање се стрес и премор бидејќи беше јануари, а претходната година беше и тоа како напорна. Тој ден ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето толку силно ми чукаше што се исплашив дека само ќе се срушам“, рекла Розга.

Проблемите со срцето ги открила по еден ненадеен напад по што сѐ се променило.

„Најважно е што помалку да се вознемирувам не само поради срцето туку и поради тироидната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година, не сум имала поголеми проблеми. Досега сите концерти во изминатите три години ги одработив без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината физички се чувствувам одлично. И понатаму можам два часа да пеам и да танцувам со мојата публика“, рекла пејачката.

Таа последните три години е на терапија со бета-блокатори поради срцето, а веќе со години има проблем и со штитната ѕлезда поради која пие хормонска терапија секое утро. Болеста ја открила во 2016 година.

„Се будев уморна, постојано чувствував замор и губев тежина. Отидов на лекар и добив дијагноза. Набргу почнав да пијам лекови. Некогаш е тешко така да живееш, некогаш полесно. Тие проблеми влијаат на расположението, а во комбинација со стресот сѐ станува потешко“, била искрена Розга.

 

Scroll to Top