Холивудскиот глумец Џон Траволта, во последното интервју им откри на новинарите за една од најубавите ноќи која му се случила, а тоа било моментот кога се запознале со принцезата Дајана во Белата куќа и кога ја замолил за танц.
„Еден од моментите кои никогаш нема да го заборавам е и танцот со принцезата Дајана во 1985 година. Тоа се случи во Белата куќа. Беше полноќ и се изгледаше како во сон. Си помислив дека мора да дадам сè од себе за да одиграм најдобро. Тоа значеше дека морав добро да ги водам чекорите, но и добро да се забавувам. Работите да изгледаат лежерно и спонтано. Но, не знаев како да и пристапам на Дајана на вистинскиот начин, да бидам толку самоуверен и да ја замолам за танц. Тоа беше сложена мисија. Но, тргнав, се доближив до неа, ја допрев за рамото и таа се согласи. Никогаш не помислив дека тоа може да ми се случи мене. Бев доволно паметен, тој момент да го врежам во моето сеќавање како посебен“, изјавил Траволта.