На почеток на својата кариера Лепа Брена се бореше со прекумерна тежина. Како што и самата вели, еден ден застанала пред огледалото и сфатила дека треба да ослаби.
Од тогаш до денес таа се придржува до одредено мени и како што вели, баш поради тоа има совршена линија, дури и не ги вратила изгубените килограми.
За 89 месеци ги намалила килограмите од 89 на 67.
Пејачката верува дека умереноста е клучот за добра линија и здравје.
„На моја возраст човек учи дека не треба да претерува во ништо, особено во месото, што главно се наоѓа на менито кај нас“, вели Брена и објаснува како со текот на годините успеала да ја задржи фигурата. „Секое утро кога ќе станам, вежбам јога. Без оглед на тоа колку години имате, важно е да јадете помалку бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и некои хамбургери, пица, но се обидувам да не претерувам“, вели фолк-sвездата.
Како изгледа нејзиниот план на исхрана:
1. ден
Појадок: мусли направено од овесна каша, бадеми и свежо овошје
Ручек: риба на скара и зеленчук на пареа
Вечера: потаж-супа или голема чинија младо сирење
2. ден
Појадок: салата и 2 варени јајца
Ручек: чинија потаж од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук по избор
Вечера: салата
3. ден
Појадок: омлет со брокула и сирење
Ручек: чинија чорба од зеленчук, 150 гр бифтек на скара, салата од свеж зеленчук
Вечера: медитеранска салата со туна
4. ден
Појадок: омлет и салата
Ручек: чинија чорба, 200 гр бело месо на скара, салата од свеж зеленчук
Вечера: Цезар-салата
5. ден
Појадок: мафини со пиперки, печурки и јајца
Ручек: чинија чорба од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук
Вечера: сезонска витаминска салата со бело месо