Вдовицата на Кирк Даглас почина на 102 години, во брак поминаа 66 години

Вдовицата на холивудската легенда Кирк, Даглас, Ен, почина на 102 годишна возраст. Таа почина 14 месеци по неговата смрт, во нејзиниот дом во Беверли Хилс. Трагичната вест ја потврдија од семејството. Ен беше втората сопруга на Кирк и двајцата беа во брак 66 години.

Се запознале во филмско студио во Париз, а се венчале во мај 1954 година. Во книгата што заедно ја објавија во 2017, „Кирк и Ен: Писма за љубов, смеа и животен век во Холивуд“, таа откри дека нејзиниот сопруг имал афери со други жени и дека тоа не го ни криел од неа.

Во бракот добија двајца синови, од кои Ерик почина од предозирање со дрога во 2004.

Scroll to Top