Свршеницата на пејачот Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, го оставила затоа што ја изневерил со друга девојка, пренесуваат медиумите. Таа наводно, откако му ги открила скриените пораки во телефонот, го зела синот и се иселила од семејната куќа во селото Брестач.
Лазиќ ја изневерувал Марина со неговата поранешна девојка, која исто така живее во неговото село. Двајцата веќе некое време биле во контакт, а откако Марина ги открила пораките, решила да го остави.
„Дарко неодамна во селото ја сретнал поранешната девојка со која кратко се забавувал. Таа го повредила кога го оставила, но по нивната повторна средба Лазиќ решил да ѝ се врати. Постојано ѝ праќал пораки, а една од нив видела и Марина“, изјавил извор близок до пејачот.
Претходно медиумите пишуваа дека Марина го оставила Лазиќ затоа што ѝ се заканувал со пиштол.
Свршеницата го напушти Дарко Лазиќ откако ѝ се заканувал со пиштол