Софија Вергара (48) е позната по младешкиот стил. Додека едни го фалат нејзиниот стил, на други не им се допаѓа.
Последниот стајлинг успеа да предизвика лавина коментари. Aктерката прошета во „искинати“ фармерки, а многумина ja прашуваа па дури и ѝ замерија дали дека облеката не е во склад со нејзините години.
Додека дел од нејзините фанови застана на нејзина страна, тврдејќи дека во модата не постојат правила, ниту ограничувања и дека жена во четириесеттите години може да носи сè во што се чувствува пријатно, други не се согласија со тоа. Тие сметаат дека жената во зрели години мора да се облекува попристојно и дека ваквите парчиња им прилегаат само на девојките.