Отровна тропска риба забележана во Јадранското море

Отровна риба е забележана во водите на јужниот дел од Јадранското море, на италијанската и албанска страна. Отровот од рибата наречена паун, се наоѓа во нејзините грбни перки, а само еден убод може да биде толку болен, што во ретки случаи може да дојде и до сериозни последици.

Неопходно е оние кои ќе бидат боцнати, да посетат лекар, пишува хрватскиот портал „Морски“ и додава дека и рибарите мораат да се запознаат со овој вид риба и да бидат многу внимателни.

Уредникот на „Фејсбук“ страната „Подводни.хр“, Перо Угарковиќ, предупреди дека појавата на овие риби во хрватскиот дел на Јадранот, може да се очекува веќе оваа година и дека се работи за инвазивен вид, но дека не може со сигурност да се процени како ќе влијае на екосистемот.

Исто така не е сигрно дали Јадранското море ќе одговара за овој вид на риба, како трајно живеалиште, со оглед на тоа дека станува збор за тропска риба.

Според неговото мислење, оваа риба не е штетна за другите видови до таа мерка, како што претпоставуваат некои од експертите.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top