(Видео) Чернобил повторно зрачи, за две години може да биде критично, велат научниците

На 26. април 1986 година, експлодира реакторот број 4, во нуклеарната електрана Чернобил во Украина, со што настана најголемата нуклеарна несреќа во историјата. Сега, 35 години подоцна, тлеењето на нуклеарните жарчиња се сè уште закопани на местото на Чернобил.

Се поставуваат прашања за тоа што може да се случи таму. Украинските научници неодамна откриле дека преостанатото гориво од нуклеарната фисија, направено од ураниум, почнало повторно да реагира во просторијата, која досега била недостапна за луѓе.

Според научниците од Институтот за безбедносни проблеми на нуклеарните централни во Киев, Украина, било регистрирано и зголемено отчитување на активноста на неутроните. Тие разговараа за демонтирање на реакторот минатиот месец, пишуваат медиумите.

Нуклеарната електрана во Чернобил е опкружена со огромна мегаструктура наречена, Чернобилски нов безбедносен оклоп. Постојат стотици сензори кои работат деноноќно, за да ги надгледаат факторите како квалитетот на воздухот.

Сензорите детектирале зголемена неутронска активност во близина на реакторот каде е жарта. Новиот безбедносен магацин во Чернобил, кој бил направен во 2016 година, ја блокирал дождовната вода да паѓа на самата локација.

Некои од внатрешните делови биле запечатени, вклучително е реакторската сала во која научниците запележале пораст на неутроните. Во внатрешноста е опасен неред, велат научниците.

„Кога јадрото (реакторот) се стопил, властите се обиделе со графитните прачки и песок да го покријат и да го изгаснат огнот. На крајот се стопиле во лава.

Лавата се слеела во подрумските простории во реакционата сала и се зацврстиле во формации наречени материјали што содржат гориво (ФЦМ), кои беа натоварени со околу 170 тони озрачен ураниум, 95 проценти од оригиналното гориво“, велат научниците.

Важно е да се напомене дека експертите не се плашат од втора чернобилска катастрофа, затоа што нема доволно одржлив материјал за таков вид на закана или штета. Но, мала нуклеарна активност, би можела да го сруши засолништето кое е старо 34 години.

Научниците веруваат дека прочурувањето на дождовниците во минатото предизвикало слична појава на очитување на неутроните и од тогаш се инстилирани посебни хемиски прскалки, кои можат да ги запрат неутроните во внатрешноста на засолништето.

Но, некои од подрумските простории се недостапни дури и за прскалките. Со децении дождот паѓал низ основното засолниште, кое го штити местото на топењето на Чернобил, создавајќи нуклеарна реакција.

Една од целите е целосно да се блокира дождот. Но, водата од порано сѐ уште ја има во најдалечните краеви и таа помага во забавувањето на неутроните.

Научниците претпоставуваа дека опасноста ќе се намали кога количината на вода ќе се исуши и ќе се повлече, но некако се случува сосема спротивното.

Па, кои се следните чекори? Научниците од ISPNPP велат дека растот на неутронската активност е доволно низок и дека имаат уште неколку години пред да реагираат.

За тоа време, велат тие, првичната реакција може многу добро да се распрсне, особено кога снабдувањето со вода е целосно суво. Сега кога NSC ja спречува дождoвната вода и не влегува свежа вода која би можела да продолжи со поттикнување на нови реакции.

Но, ако реакцијата не мине самата од себе, научниците претпоставуваат дека може да дојде до секакви сценарија. Местото е премногу затворено и озрачено, за да може некој човек да влезе во него. Една од можностите е со роботи да ги испрскаат местата каде е забележано зголемено ниво на неутрони.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top