Леонардо ди Каприо ќе донира 43 милиони долари за обнова на дивиот свет на Галапагос

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо ќе донира 43 милиони долари за заштита и обнова на дивиот живот на островот Галапагос. Иницијативата ќе се одвива преку организацијата Re:Wild, којашто Ди Каприо ја основа лани заедно со неколки признати научници и конзерватори.

„Кога патував на Галапагос се запознав со Паула Кастања и други еколошки херои од Еквадор кои деноноќно работат на спасувањето на едно од најнезаменливите места на светот. Дивиот свет се уништува секаде низ светот. Повеќе од половина од преостанатите диви области на Земјата ќе исчезнат во наредните децении ако не дејствуваме“, вели ДиКаприо.

Парите што ќе ги вложи популарниот актер се намесети за обновата на островот Флореана, каде што  живеат 54 загрозени видови животни, и тука повторно ќе се населат 13 исчезнати локални видови. Организацијата сака да помогне и за размножување на животните што се во заробеништво и да се преземат активности со кои ќе се спречи исчезнувањето на розовата игуана.

 

Scroll to Top