Раперот Стефан Ѓуришиќ – Раста и пејачката Ана Николиќ се разведени, сепак до ден-денес се пријатели.
На гостувањето во една емисија Раста се потсети на едно од несогласувањата со својата поранашна сопруга, поточно кога таа му го уништи автомбилот и со познатиот натпис: Јас сум п*чко, Ана.
Како што раскажа раперот, тој не се јавувал на телефон поради што Ана побеснела и му го изгребала неговиот скапоцен автомобил.
„Ситуацијата беше навистина смешна, никогаш нема да ја заборавам. Јас не бев тука, најсмешен момент ми беше кога ги вратив безбедносните камери за да видам што се случило. Тоа беше многу крими-момент. Дојде во ноќница. Јас не се јавував на телефон, па тоа беше доволно. Се качи во такси, дури и таксистот ја чекаше. Ја гледав снимката, не траеше ниту една минута. Професионално ја заврши работата, најверојатно имала искуство од претходно. Неверојатна сцена, која ми беше смешна и не е болна штетата што ми ја направи“, раскажува раперот.
Пејачот се потсети и на денот кога стави потпис во матичното и се ожени со Николиќ.
„Ние бевме во врска што многу добро ја криевме, без оглед на тоа што се следеше секој наш чекор. Еден ден само се облековме, отидовме во Општината и се венчавме. Тоа беше мојата визија за љубовта – не мора да има многу луѓе, златни столови, туку да има суштина. Неверојатен е моментот што во Општината влеговме инкогнито, а излеговме како вест на годината. Тоа не ми се допаѓаше, но бргу се навикнав“, вели Ѓуришиќ.
За потсетување, Ана и Раста од бракот ја имаат ќерката Тара.