Ѓорѓе Марјановиќ погребан во Алејата на заслужните граѓани

Комеморацијата по повод смртта на еден од најголемите српски и југословенски пејачи на забавна музика, Ѓорѓе Марјановиќ, беше одржана во собранието на град Белград, а Ѓорѓе беше погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград покрај Џеј Рамадановски.

Семејството, пријателите и колегите дојдоа да се поздрават засекогаш со српскиот музичар, а неговата сопруга не присуствуваше на погребот.

Меѓу првите на гробиштата пристигнаа ќерката на покојниот Марјановиќ, неговиот кум, композиторот Владимир Граиќ, Горан Стоичевиќ – Карамела, Зорана Павиќ и многубројни пријатели и почитувачи на ликот и делото на прославениот музичар.

Од Ѓорѓе Марјановиќ се простија неговите колеги и пријатели на комеморација: проф. Никола Рацков, Олга Марковиќ, уметниците Миња Субота, Нада Павловиќ и Јован Маљковиќ.

Ѓорѓе Марјановиќ почина на 89 години во Белград. Роден е во Кучево 1931, а заврши гимназија во Пожаревац. Студира фармација во Белград, која никогаш не ја заврши. Во негова чест има два музеја – еден во родното Кучево, а другиот во Москва.

Scroll to Top