Со цел помасовна вакцинација во Америка, голем број од апликациите за љубовно дружење во земјата, ќе инсталираат нови функции на програмите за да можат вакцинираните самци, полесно се најдат едни со други, објавија од Белата куќа.
Од таму велат дека на овој начин ќе се обидат да ја исполнат една од целите на администрацијата на Џо Бајдем барем 70% од возрасните лица, да примат една доза вакцина против ковид 19 до 4 јули. Со овие промени на апликациите, ќе им се овозможи на корисниците да можат да ги филтрираат потенцијалните сродни души, според нивниот статус на вакцинација.
Истовремено ќе добијат бесплатен пристап до услугите за кои сега плаќаат.
„Социјалното дистанцирање и љубовните состаноци секогаш беа малку тешка комбинација“, вели Енди Славит, висок советник за справување со ковид-19 во Белата куќа.
„Затоа, денес страниците за дружење како Бамбл, Тиндер, Хинџ, Меч, Окејкјупид, Баду најавија низа карактеристики за да ја поттикнат вакцинацијата и да им помогнат на луѓето да запознаат други кои имаат универзално привлечен квалитет: вакцинирани се против ковид-19 “.
Апликациите за љубовно дружење можат да понудат еден начин за пресврт во тој тренд. Сајтовите се грижат за над 50 милиони корисници во САД, вели Славит, истакнувајќи дека истражувањето на Окејкјупид открило оти луѓето кои се вакцинирани или планираат да се вакцинираат добиваат 14 отсто повеќе состаноци од невакцинираните.
Апликациите ќе нудат различни ознаки за вакцинираните. Тиндер, апликацијата за дружење со најмногу корисници на САД, ќе има значки за вакцинирани, како и нов Центар за вакцини што ќе им помогне на корисниците да се поврзат со блиските вебстраници за вакцинација.
Напорот апликациите за дружење да се стават во погонот за вакцинирање е само една во низата понекогаш неортодоксни мерки кои ги преземаат властите низ целата земја за да има што повеќе имунизирани. Државата Мејн, на пример, им понуди бесплатни дозволи за лов на вакцинираните жители, додека гувернерот на Охајо отвори лотарија од еден милион долари за секој што примил барем една доза вакцина. И градоначалникот на Њујорк стартува лотарија од 5 милиони долари за вакцинираните.
Се разбира, што се парите без вистинска љубов? Како што се пошегува Славит: „Конечно го најдовме единственото нешто што нè прави сите попривлечни: вакцина“.