Четиринаесет патници загинаа откако падна кабина од жичница во Италија

Во несреќата вчера што ја погоди Италија загинаа 14 лица, од кои едно дете, а друго дете сѐ уште е во критична состојба.

Несреќата се случи кога кабината од жичница што води од градот Стреза се откачи и се урна. Во тоа време во кабината имало 15 патници.

Десет од настраданите беа пронајдени во кабината и три надвор. Децата на возраст од 9 и 5 години со тешки повреди и скршеници беа пренесени во болница во Торино со два хеликоптери, за жал едно од децата им подлегна на повредите, додека другото е во сериозна состојба со неизвесна прогноза

Во моментот кога се урнала кабината, таа била на 100 метри од земјата.

Идентификацијата на жртвите е во тек и истрагата за причините за уривањето на кабината започна.

Во име на италијанската Влада, премиерот Марио Драги изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Scroll to Top